ПРВ.мк
Македонија

Браво Македонијо! Четворица ученици донесоа девет медали од светската олимпијада во Торино

Браво Македонијо! Четворица ученици донесоа девет медали од светската олимпијада во Торино

Македонските средношколци остварија извонреден успех на Меѓународната олимпијада по геонауки во Торино, освојувајќи вкупно девет медали во конкуренција од 160 натпреварувачи од 40 држави.

Четворицата македонски претставници се закитија со две златни, еден сребрен и шест бронзени медали, со што зад себе оставија настап за паметење на меѓународната научна сцена.

Никола Здравески освои златен и сребрен медал, додека Стефанија Димовска се закити со злато и бронза.

Одличен настап имаше и Трајче Шатков, кој освои три бронзени медали, додека Борче Кузманоски ја комплетираше богатата колекција со уште две бронзени одличја.

Со тоа, четворицата македонски средношколци од Торино се враќаат со вкупно девет медали – резултат кој претставува огромен успех за нив, нивните ментори и македонското образование.

Успехот добива дополнителна тежина ако се земе предвид силната меѓународна конкуренција од 40 држави и вкупно 160 натпреварувачи.

Резултатот повторно го отвора и прашањето за системската поддршка на талентираните ученици во Македонија. Ваквите меѓународни достигнувања покажуваат колку е важно младите таленти да добијат услови, финансиска поддршка и можности за понатамошно образование и научен развој.

Никола, Стефанија, Трајче и Борче со својот успех покажаа дека македонските ученици можат рамноправно да се натпреваруваат со врсниците од целиот свет и да освојуваат највисоки признанија.