ПРВ.мк
Балкан

Историска интервенција: Македонски полициски хеликоптер испратен да гасне пожар во Косово

Историска интервенција: Македонски полициски хеликоптер испратен да гасне пожар во Косово

Македонски полициски хеликоптер е ангажиран во гаснењето на голем пожар во Косово, откако од соседната држава било испратено официјално барање за помош.

Хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи интервенира од воздух во реонот на Хани и Елезит, каде им дава поддршка на екипите кои од земја се борат со огнената стихија.

Според директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, по приемот на барањето била воспоставена директна координација со надлежните институции и со раководителот на Главниот штаб, Стојанче Ангелов, за навремено активирање на расположливите капацитети.

„Ова не е само интервенција за гаснење пожар. Ова е историски момент и потврда на нашата подготвеност да им помогнеме на нашите соседи, но и пошироко, секогаш кога тоа е најпотребно“, порача Али.

Од ЦУК посочуваат дека станува збор за прво ангажирање на македонски државни ресурси надвор од територијата на земјата во рамки на меѓудржавна помош за справување со пожар.

Македонскиот хеликоптер во моментов е вклучен во операцијата за локализирање и ставање под контрола на пожарот, заедно со екипите ангажирани на терен.