ПРВ.мк
Македонија

Бела ноќ со музика во живо во Capri Pool Veles

Бела ноќ со музика во живо во Capri Pool Veles

Овој петок (17 јули), Capri Pool Veles организира летна вечер исполнета со музика во живо, пријатна атмосфера и дружење покрај базенот.

За доброто расположение ќе се погрижи Bouzouki Band, кој ќе настапи со внимателно одбран репертоар инспириран од медитеранскиот музички дух, создавајќи совршена атмосфера за летна вечер под ѕвездите.

Настанот започнува во 21:00 часот, а посетителите ќе можат да уживаат во вкусна храна, освежителни коктели и пијалаци, како и во амбиентот по кој Capri Pool е препознатлив. Вечерта ќе биде во знакот на „Бела ноќ“, па гостите се поканети, доколку сакаат, да дојдат облечени во бело и да бидат дел од оваа летна атмосфера.

Влезницата изнесува 200 денари, а поради ограничениот број места, организаторите препорачуваат навремени резервации.

📅 17 јули (петок)

🕘 Почеток: 21:00 часот

🎟 Влезница: 200 денари

📞 Резервации: 071 360 874