ПРВ.мк
Топ Вести

ВРЕМЕТО НАГЛО ЌЕ СЕ СМЕНИ: Попладне Македонија ја очекува невреме - еве во кои делови!

ВРЕМЕТО НАГЛО ЌЕ СЕ СМЕНИ: Попладне Македонија ја очекува невреме - еве во кои делови!

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите може да прераснат во невреме со силен ветер и услови за појава на град.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде од 11 до 20 степени, додека максималната ќе достигне од 32 до 36 степени.

Во Велес се очекува топло и сончево време, но во попладневните часови не е исклучена локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. При развој на невреме, можна е и појава на град.

И во Скопје ќе биде сончево и топло, со максимална температура до 36 степени. Во попладневните часови локално се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината и услови за невреме.

Во новата работна седмица продолжува сончевото и топло време, со услови за слаба локална нестабилност во попладневните часови.