Апелацискиот суд во Скопје ја потврди затворската казна од 12 години за Стојанче Јовановски, откако ја одби неговата жалба како неоснована.
Според информациите од Судот, по разгледување на предметот и одржана јавна седница, била потврдена првостепената пресуда донесена од Основниот кривичен суд Скопје во мај годинава.
Јовановски претходно беше прогласен за виновен затоа што, според пресудата, по долгогодишно семејно насилство ја навел својата сопруга Ивана и нивната ќерка Катја да скокнат од балкон.
Против него се водеше постапка за семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство, а со одлуката на Апелацискиот суд пресудата станува правосилна.









