ПРВ.мк
Македонија

Аларм на Шар Планина: Активирана лавина, прогласена висока опасност – степен 4

Аларм на Шар Планина: Активирана лавина, прогласена висока опасност – степен 4
Kristal

Лавина е регистрирана на подрачјето на Националниот парк „Шар Планина“, но засега нема информации за повредени или затрупани лица. Од управата на паркот информираат дека по извршениот теренски увид и детално пребарување не е утврдено присуство на луѓе во зафатената зона, ниту пак има пријави за исчезнати.

Според стручните служби, во изминатиот период се совпаднале повеќе фактори што значително ја зголемуваат нестабилноста на снежната покривка – нагли температурни промени, силен и променлив ветер, нови снежни врнежи и сложен релјеф. Ваквата комбинација создава опасни снежни слоеви, кои лесно можат да се активираат на стрмни падини.

Информацијата за лавината била доставена од оператор за ратрак-скијање, по што екипи на Националниот парк веднаш излегле на терен. Претходно, лавинската зона била проверена и со специјализирана опрема, при што не биле детектирани лица со лавински уреди, а во тој момент немало ниту пријави за исчезнати посетители.

Паралелно, експертски тим од институција специјализирана за безбедност во планински туризам извршил проценка и утврдил лавинска опасност од степен 4, што според европската скала означува висок ризик. Во вакви услови лавини можат лесно да се активираат, а можни се и поголеми снежни одрони, особено на места каде ветерот натрупал нестабилен снег.

Од Националниот парк упатуваат сериозен апел до сите посетители да се движат исклучиво по обележани патеки, да избегнуваат оф-писте терени и да не ризикуваат без соодветна опрема, искуство и стручна придружба.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo