ПРВ.мк
Македонија

АКЦИЈА НА „ТАСК ФОРС“ ВО МАКЕДОНИЈА: Приведени две лица!

АКЦИЈА НА „ТАСК ФОРС“ ВО МАКЕДОНИЈА: Приведени две лица!

Двајца мажи на возраст од 40 и 22 години биле приведени во Врапчиште, откако при полициска контрола на такси-возило биле пронајдени марихуана и предмет со остатоци од кокаин.

Според информациите за случајот, инцидентот се случил на 28 октомври 2026 година, околу 17 часот, кога мобилниот полициски тим „Task Force“ запрел такси-возило со гостиварски регистарски ознаки. Во возилото се превезувале двајцата мажи.

При извршениот преглед, кај 40-годишниот К.С. од Гостивар полицајците пронашле и одзеле марихуана. Кај другиот патник, 22-годишниот Н.Б. од селото Врбјани, бил пронајден предмет на кој имало остатоци од кокаин.

По пронаоѓањето на овие предмети, двајцата мажи биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

Надлежните продолжуваат со документирање на случајот, по што се очекува да бидат поднесени соодветни пријави.

Најнови вести