ПРВ.мк
Црна Хроника

ПИЈАНИ СО 2,44 ПРОМИЛИ, ПА НAПAДНАЛЕ ДВАЈЦА МЛАДИ: Приведени велешани по инцидент!

ПИЈАНИ СО 2,44 ПРОМИЛИ, ПА НAПAДНАЛЕ ДВАЈЦА МЛАДИ: Приведени велешани по инцидент!

Две лица од Велес, на возраст од 37 и 35 години, биле приведени во Охрид по пријава дека физички нападнале двајца млади од Битола и Прилеп во селото Пештани. Според пријавеното, во нападот учествувале уште две лица, а инцидентот се случил по претходна расправија.

На 28 август 2026 година, во 23:30 часот, во СВР Охрид биле приведени двајцата велешани поради пријавата дека во охридското село Пештани, заедно со уште две лица, физички ги нападнале 22-годишно лице од Битола и 19-годишно лице од Прилеп.

При извршеното алкотестирање било утврдено дека едниот од приведените имал 2,44 промили алкохол во крвта, додека кај другиот биле измерени 1,84 промили.

Од надлежните служби се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот. По завршувањето на постапката, против лицата за кои ќе се утврди одговорност ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести