ПРВ.мк
Македонија

Голема полициска акција: Приведени 10 лица, меѓу нив и двајца малолетници

Голема полициска акција: Приведени 10 лица, меѓу нив и двајца малолетници

Полициски службеници од СВР Скопје во текот на 29 и 30 јули спровеле акција на повеќе локации во главниот град, при што биле лишени од слобода 10 лица, меѓу кои и двајца малолетници.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, приведени се Ф.С. (42), Д.К. (22), Д.А. (38), А.П. (33), А.Ј. (30), А.В. (24) и 17-годишник, сите од Скопје, 16-годишник од село Блаце и Ј.К. (19) од село Студеничани.

При полициските контроли кај нив, како што соопшти МВР, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана.

По целосното документирање на сите случаи, против лицата ќе бидат поднесени соодветни законски поднесоци, соопшти полицијата.