ПРВ.мк
Македонија

Објавувал коментари што поттикнувале омраза и насилство – следува кривична постапка

Објавувал коментари што поттикнувале омраза и насилство – следува кривична постапка

СВР Штип поднесе кривична пријава против 55-годишен жител на Кочани, поради сомнение дека сторил кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во текот на мај, јуни и јули 2026 година, осомничениот преку два свои профили на социјална мрежа објавил шест коментари на четири различни објави.

Како што наведува полицијата, содржината на коментарите, според сомневањата, промовирала и поттикнувала омраза и насилство, поради што против него е поднесена кривична пријава.

Надлежните институции ќе ја продолжат постапката согласно законските процедури, а за случајот понатаму ќе одлучува обвинителството.