ПРВ.мк
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Уапсени 10 лица, меѓу нив и двајца малолетници!

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Уапсени 10 лица, меѓу нив и двајца малолетници!

Во координирана полициска акција спроведена на повеќе локации низ Скопје, приведени се 10 лица, меѓу кои и двајца малолетници, откако кај нив биле пронајдени наркотични супстанци.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, акцијата била реализирана во текот на ноќта меѓу 29 и 30 јули 2026 година, кога полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.С. (42), Д.К. (22), Д.А. (38), А.П. (33), А.Ј. (30), А.В. (24) и 17-годишник, сите од Скопје, како и 16-годишник од село Блаце и Ј.К. (19) од село Студеничани.

При извршените контроли и претреси, кај приведените биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана, по што тие биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на сите случаи, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно законските прописи.

Најнови вести