ПРВ.мк
Македонија

ТЕРМОМЕТРИТЕ ОДАТ НАГОРЕ: Македонија ја очекува вистинско летно време

ТЕРМОМЕТРИТЕ ОДАТ НАГОРЕ: Македонија ја очекува вистинско летно време

Не очекува сончево и многу топло време низ целата земја, со вистински летни температури кои ќе го обележат почетокот на неделата.

Утрото ќе започне ведро и свежо, со температури околу 17 степени, а во текот на денот ќе преовладува стабилно и сончево време. Максималните дневни температури ќе достигнат до околу 29 до 34 степени, што значи дека нè очекува многу топол ден.

Во вечерните часови времето ќе остане ведро и пријатно, со бавно опаѓање на температурите, па до ноќта тие повторно ќе се спуштат на околу 17 степени.

Во главниот град, Скопје, утре ќе биде особено топло со максимални вредности до околу 31 степен, додека минималната температура ќе се движи околу 15 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Во следните денови се очекува краткотрајна промена на времето. Во вторник ќе има зголемена облачност со можност за слаб локален дожд, во среда нестабилно време со пообилни врнежи, а потоа повторно стабилизирање и враќање на сончевите периоди кон крајот на неделата.

Генерално, дено ќе донесе типично летно време со високи температури и многу сонце, па се препорачува заштита од силното сонце и доволен внес на течности.