Сообраќајот на патниот правец пред селото Скачковце, во насока кон Свети Николе, утрово е целосно во прекин откако камион се излизгал и завршил попречно на коловозот.
Тешкото товарно возило го блокирало патот, оневозможувајќи го движењето на останатите учесници во сообраќајот.
Се претпоставува дека снежните врнежи и лизгавиот коловоз придонеле за излизгувањето на камионот, но засега нема официјална потврда за причините за инцидентот.
Нема информации ниту дали во настанот има повредени лица, ниту кога се очекува нормализирање на сообраќајот.
На возачите им се препорачува зголемена внимателност, приспособување на брзината кон условите на патот и користење алтернативни патни правци.









