ПРВ.мк
Свет

ДРАМА НА КОНЦЕРТОТ НА СВЕТСКИ ПОЗНАТИОТ ПЕЈАЧ: Сведоците опишаа вознемирувачки сцени

ДРАМА НА КОНЦЕРТОТ НА СВЕТСКИ ПОЗНАТИОТ ПЕЈАЧ: Сведоците опишаа вознемирувачки сцени

Концертот на познатиот британски пејач Хари Стајлс во австралискиот град Мелбурн заврши со драматични сцени, откако една обожавателка паднала од балконот на стадионот „Марвел“.

Жената, која е на возраст од триесетина години, се фотографирала со своите пријателки кога изгубила рамнотежа и паднала преку оградата на вториот кат.

Несреќата се случила непосредно откако 32-годишниот пејач го завршил настапот и ја напуштил сцената. На социјалните мрежи набрзо се прошириле снимки од вознемирувачкиот момент.

Сведоците раскажале дека низ стадионот одекнал силен врисок, а на дел од присутните им се слошило од шокот.

Според една од посетителките, жената се обидела да се фати за оградата, но не успеала и паднала врз седиште на пониското ниво на стадионот. За среќа, во тој момент седиштето било празно.

Од службата за итна медицинска помош потврдиле дека повредената жена била пренесена во болницата „Алфред“, со повреди на горниот и долниот дел од телото. Нејзината здравствена состојба е стабилна.

Од управата на стадионот соопштиле дека на жената веднаш ѝ била укажана медицинска помош и дека се очекува да биде пуштена од болница во следните неколку дена.

Несреќата го засени настапот на Стајлс во рамките на неговата голема повратничка турнеја „Together, Together“, која започна во мај годинава и ќе трае до август 2027 година.