Свеченото отворање на зимската сезона на Јахорина, чија главна атракција беше светски познатата британска манекенка Наоми Кембел, го одбележа неочекуван прекин на нејзиниот музички настап.
Во ноќта меѓу саботата и неделата, за време на нејзиниот диџејски сет, снемало електрична енергија во шаторот во кој се одржувала манифестацијата. Музиката била прекината, а просторот привремено бил осветлен со свеќи.
Кембел застанала зад диџејскиот пулт околу полноќ, по концертот на српскиот пејач Никола Роквиќ. Откако дефектот бил отстранет, британската манекенка го продолжила својот настап.
Светската модна икона во саботата попладне пристигнала во Сараево, од каде што се упатила кон Јахорина.
Пред настапот, домаќините ѝ подариле традиционален рачно изработен фустан од Сараевско-романискиот крај, а Кембел на прес-конференцијата се заблагодарила за гостопримството и посакала успешна зимска сезона.
Нејзиниот настап ја заокружи дводневната манифестација „Ski Opening 2026/27“, која започна во петокот со концертите на Жељко Јоксимовиќ и Ацо Пејовиќ.










