Жена од Тетово поднела тужба против Центарот за јавно здравје – Тетово, барајќи отштета од 100 илјади евра, откако тврди дека во 2021 година здравствен работник ѝ земал брис со стапче што претходно било користено на друга пациентка, која подоцна добила позитивен резултат на ковид-19.
Според тужбата, пет дена по тестирањето позитивен резултат добила и самата тужителка, која е убедена дека е заразена токму поради пропустот на медицинскиот персонал. Случајот стигна на суд, а јавноста очекува да се утврди дали навистина имало грубо прекршување на здравствените протоколи.
Постапката е во тек, а од Центарот засега не даваат официјален коментар за обвиненијата.