ПРВ.мк
Македонија

Македонските ортопеди изведоа најкомплексна трансплантација на коска – нова ера во домашната хирургија

Македонските ортопеди изведоа најкомплексна трансплантација на коска – нова ера во домашната хирургија

На Универзитетската клиника за ортопедија беше изведена најсложената трансплантација на коска во земјава, интервенција што претставува голем исчекор во современата ортопедска хирургија. Пациент на 64-годишна возраст, со повторен миксоиден липосарком на левата натколеница, бил подложен на ресекција на средишниот дел од бутната коска, реконструкција со графт од кадавер и фиксација со клин.

Операцијата се одвиваше во два акта – првиот предводен од проф. д-р Милан Самарџиски со тимот на др. Бојан Будиќ, др. Теодора Тодорова и др. Гоце Гулески, додека пластичната реконструкција ја изведе тимот на др. Томислав Јовановски. За анестезија беше задолжена проф. д-р Јасминка Нанчева со анестетичар с. Јована Илиева, а целосната интервенција ја поддржаа инструментарки, болничари и рендген техничари.

Според Министерството за здравство, овој зафат поставува нова референтна точка во македонската ортопедија и ја потврдува стручноста и подготвеноста на домашните хируршки тимови за интервенции од највисоко ниво на сложеност.

Escape