ПРВ.мк
Свет

Македонците ќе патуваат во ЕУ со нови правила од идната година

Македонците ќе патуваат во ЕУ со нови правила од идната година

Новите системи за патување во ЕУ – EES (Entry/Exit System) и ETIAS (European Travel Information and Authorisation System) – за македонските граѓани се одложени и ќе почнат да важат од следната година, потврди вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

Тој истакна дека Владата е во постојана комуникација со ЕУ за непречено патување и избегнување компликации при влез во Шенген зоната. Бизнис-заедницата предупредува дека новите протоколи можат да го отежнат работењето на транспортните оператори, особено поради ограничувањата за професионалните возачи.

Системот EES ќе стартува на 12 октомври 2025 година, со целосна примена од 10 април 2026 година, кога електронски ќе се пресметуваат деновите на престој во Шенген зоната. За ETIAS, точниот датум ќе биде објавен од ЕУ неколку месеци пред воведувањето.

Escape