ПРВ.мк
Свет

Украински дрон во Црното Море усмрти пет елитни руски нуркачи

Украински дрон во Црното Море усмрти пет елитни руски нуркачи

Петмина елитни руски нуркачи загинале во Новоросијскиот залив кога украински воен дрон експлодирал при обидот тие да го преземат, објави „Украинска правда“ повикувајќи се на военото разузнавање на Украина (ХУР).

Дронот изгубил контакт со контролниот центар и започнал да лебди во морето. Руската команда испратила тим извидувачи–нуркачи од специјалните единици да го извлечат за инспекција. При обидот да го преземат, се активирала експлозивната направа, што довело до нивна смрт.

ХУР истакнува дека загинатите биле дел од елитна единица со највисоко ниво на обука, напредна опрема и значително финансирање. Новоросијск е клучно пристаниште за руската Црноморска флота, особено по украинските напади на Крим, кои ја принудија Москва да префрли дел од поморските сили во овој регион.

Escape