Лун (38), климатски новинар од Висконсин, тргнал на четиридневно планинарење во Националниот парк Фолгефона во Норвешка кон крајот на јули. Иако бил искусен планинар, веќе првиот ден почнале проблемите – ѓонот на неговата чизма се одвоил, но тој го залепил со селотејп и продолжил.
Подоцна истиот ден, на глечерот Буарбрин, еден погрешен чекор го спуштил по планината. Левата бутна коска му се скршила, ранцето и мобилниот телефон исчезнале, а тој останал заробен и дехидриран. Со денови пиел сопствена урина за да преживее.
Потрагата по него започнала кога неговата сопруга не го видела на повратниот лет и алармувала норвешките власти. По шест дена во дивината, Лун конечно бил забележан од хеликоптер и спасен.
По враќањето во болница, Лун се сретнал со сопругата и ја споделил драматичната приказна за преживувањето, кое му дало нова смисла во животот.