Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека забележува „светло на крајот од тунелот“ во односите меѓу Русија и САД, по неодамнешниот самит на Алјаска.
„Со доаѓањето на претседателот Доналд Трамп, мислам дека конечно се појави светло на крајот од тунелот. А сега имавме многу добар, значаен и искрен состанок на Алјаска“, рече Путин за време на посетата на Центарот за нуклеарни истражувања.
Тој додаде дека следните чекори зависат од американското раководство, но е уверен дека лидерските квалитети на Трамп претставуваат „добра гаранција за обновување на односите“.