ПРВ.мк
Црна Хроника

Страшна несреќа кај Струга: 19-годишен возач загина на самото место откако излета од патот

Страшна несреќа кај Струга: 19-годишен возач загина на самото место откако излета од патот

Регионалниот пат Струга–Дебар вчера стана место на голема трагедија, кога 19-годишниот Е.Н. од селото Велешта го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила кога младото момче со своето возило излетало од коловозот. На местото веднаш пристигнала Итна медицинска помош, но лекарите можеле само да ја констатираат смртта.

Екипа од ОВР Струга извршила увид, а телото на починатиот по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција. Се испитуваат сите околности – дали до несреќата дошло поради техничка неисправност на возилото, брзо возење или поради состојбата на патот.

Оваа трагедија уште еднаш потсетува колку младите возачи се ранлива категорија на сообраќајниците и колку внимателното возење може да значи спасен живот.

Escape