ПРВ.мк
Црна Хроника

Вешти измамници ја шокираа Тетово – пензионерка од балкон му фрли 27.000 евра на непознат човек

Вешти измамници ја шокираа Тетово – пензионерка од балкон му фрли 27.000 евра на непознат човек

И покрај бројните апели од МВР до граѓаните, особено до пензионерите, телефонските измамници повторно успеаја да изведат нова скандалозна кражба. Најновиот случај од Тетово ја остави јавноста во неверување – 79-годишна жена им предаде цело богатство на измамници кои ѝ ветија спас за нејзината ќерка.

Според информациите од полицијата, непознато лице ја повикало и се претставило како лекар. Со лажна приказна дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа и се бори за живот, ѝ било кажано дека е потребна голема сума пари за итна операција. Исплашена и во шок, жената собра 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци, а потоа – по инструкција на измамникот – ги фрли од сопствениот балкон. Дури подоцна дознала дека станала жртва на брутална измама.

Министерството за внатрешни работи информира дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите. Според министерот Панче Тошковски, во последниот период ваквите измами станале масовна појава – има над 500 обиди, а околу 100 биле успешни.

Најчеста мета се пензионерите, кои во момент на паника и страв за своите најблиски ја предаваат целата животна заштеда. Страшниот факт е дека измамниците користат добро смислени сценарија за да ги збунат жртвите и да ги натераат на чекори кои подоцна изгледаат незамисливи.

Escape