ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагедија: Две малолетни девојчиња загинаа откако излетаа со четирицкл

Трагедија: Две малолетни девојчиња загинаа откако излетаа со четирицкл

Две малолетни девојчиња загинаа вчера попладне во Кичево откако четирицклот на кој се возеле излета од коловозот.

Според пријавата од ОВР Кичево, на 21 август во 18:05 часот, 15-годишна девојка од село Колибари управувала четирицкл со кичевски регистарски ознаки. На локален пат изгубила контрола, при што возилото излетало од коловозот.

Од здобиените повреди, на местото на несреќата починале управувачката и нејзината малолетна сопатничка од село Грешница, кичевско. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција.

На местото извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево, а случајот се води согласно законските процедури.

Escape