Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, информираше дека камбанаријата на црквата „Св. Четириесет маченици“ кај Смилковско Езеро е во завршна фаза и дека наскоро се очекува да заѕвони камбаната.

Костовски посочи дека со доизградбата се заокружува еден значаен дел од уредувањето на овој простор, кој има силна духовна и симболична вредност. Според неговата објава, работите напредуваат и се ближат до финалната реализација, по што камбанаријата ќе биде целосно подготвена за употреба.









