Општина Кавадарци продолжува активно да се вклучува во едукативни активности наменети за учениците, со посебен акцент на подигнување на свеста за заштитата на природата и животната средина. Во соработка со „Еко-Живот“, учениците имаа можност поблиску да се запознаат со флората и фауната на територијата на општината, како и со значењето од нивно зачувување.

Преку ваквите обуки, младите стекнуваат нови знаења за природните богатства на Кавадарци и учат колку е важна грижата за околината уште од најрана возраст. Токму преку едукација, практични примери и директна комуникација се создаваат генерации кои ќе имаат поголема одговорност кон природата.


Како убав гест и знак на благодарност за реализираните активности, учениците подарија прекрасни велигденски честитки, изработени со многу внимание, труд и креативност. Овој симболичен чин уште еднаш покажа дека кога знаењето се спојува со детската искреност и посветеност, се создаваат вредни моменти и убави пораки за целата заедница.










