ПРВ.мк
Македонија

ИТЕН АПЕЛ ОД УЈП! Илјадници граѓани не можат да ги користат е-Даночните услуги - Не ја игнорирајте оваа порака

ИТЕН АПЕЛ ОД УЈП! Илјадници граѓани не можат да ги користат е-Даночните услуги - Не ја игнорирајте оваа порака

Управата за јавни приходи ги повика граѓаните кои започнале регистрација за користење на системот е-Даночни услуги (Е-ППД), но не ја завршиле постапката, што поскоро да го сторат тоа.

Според УЈП, повеќе од 35.000 граѓани поднеле барање за отворање кориснички профил, но регистрацијата останала нецелосна. За активирање на профилот потребно е лично да се посетат надлежните канцеларии на Управата и да се приложи важечки документ за идентификација, по што овластено службено лице ќе ја потврди регистрацијата.

Од УЈП информираат дека до засегнатите граѓани веќе се испратени известувања преку електронска пошта со дополнителни насоки за успешно завршување на постапката.

Со активен профил на е-Даночни услуги, граѓаните можат да ги прегледуваат своите годишни даночни пријави, да добиваат уверенија за остварени приходи, како и да го користат правото на поврат на дел од ДДВ за скенирани фискални сметки.

Управата апелира сите кои ја започнале регистрацијата, а сè уште не ја финализирале, навреме да ја комплетираат процедурата за непречено користење на електронските услуги.