Вечерва во скопската населба Аеродром, кај кулите „Џевахир“, се случи тешка сообраќајна несреќа. Возило со голема брзина, според првичните информации и сведоштвата на очевидци, изгубило контрола и удрило во неколку контејнери и две паркирани возила.
Очевидци за „24 Инфо“ изјавија дека возачот бил во алкохолизирана состојба и дека станува збор за турски државјанин. Ова е веќе втора несреќа во истиот реон во последната недела, што ја зголемува загриженоста кај граѓаните.
Ситуацијата е дополнително влошена поради тоа што три од четири ленти на булеварот се блокирани од непрописно паркирани возила, што го отежнува сообраќајот и ја зголемува опасноста во овој дел од Аеродром.
Полицијата е на лице место, траен е увид на местото на настанот, а повеќе детали се очекуваат наскоро.
















