ПРВ.мк
Наука/Технологија

Македонски хирурзи учат во Франција – технологија што ќе стигне и кај нас!

Македонски хирурзи учат во Франција  – технологија што ќе стигне и кај нас!
Kristal

Двајца кардиохирурзи од ЈЗУ Клиниката за кардиохирургија – Скопје, д-р Александар Колев и д-р Кујтим Џелили, престојуваат во Универзитетската болница во Бордо, Франција, каде што се обучуваат за најсовремените техники во кардиохирургијата.

Под менторство на професорите Томас Модин, Луис Лаброус и Џулијан Пелтан, тие минуваат интензивна обука за минимално инвазивни интервенции и употреба на роботскиот систем „Да Винчи“ при поправка на митралниот залисток — технологија што значително ја намалува траумата, времето на опоравување и ризикот од компликации.

Во текот на престојот, македонските лекари учествуваат во практични тренинг-сесии со реални модели и најнова медицинска опрема која се користи во водечките европски центри.

„Кардиохирургијата постојано напредува и наша обврска е да бидеме во тек со новите методи, за нашите пациенти да добијат врвна здравствена грижа и во Македонија,“ изјави д-р Колев.

Оваа обука е дел од континуираната програма за модернизација на македонското здравство, насочена кон подигање на стандардите и воведување напредни хируршки техники на домашните клиники.

Escape