ПРВ.мк
Македонија

(ФОТО) Фармерска авантура за најмладите: Посета на овчарската фарма „ВЕМИ“

(ФОТО) Фармерска авантура за најмладите: Посета на овчарската фарма „ВЕМИ“
Kristal

Денес, фармата ВЕМИ имаше посебна посета од дечињата од градинката „Димче Мирчев“ во Велес. Малите гости имаа можност лично да запознаат овци, да научат како се одгледуваат и хранат, и да се запознаат со секојдневните активности на фармерите.

Дечињата беа исполнети со радост и љубопитност, а некои дури изразија желба барем еден ден во неделата да го поминат на фармата наместо во градинка.

Посетата беше проследена со многу пофалби за проектот, за внимателните негуватели и за самите дечиња, кои со својата љубопитност и насмевки го направија денот уште поубав.

Можеби токму меѓу овие мали посетители се крие некој иднина современ фармер, кој со љубов и посветеност ќе продолжи да ја негува природата и животните.

Escape