ПРВ.мк
Македонија

Тешка сообраќајна несреќа во Македонија - полиција и Брза помош на терен

Тешка сообраќајна несреќа во Македонија - полиција и Брза помош на терен

Тешка сообраќајна несреќа се случила доцна вечерта на патниот правец Гостивар – Маврово, по што на местото пристигнале полициски и медицински екипи.

Според првичните и неофицијални информации што ги пренесуваат локалните медиуми, постои сомнение дека во несреќата има и загинати лица. Сепак, засега нема официјална потврда од надлежните институции за евентуални жртви, ниту информации за бројот на повредени.

На местото на несреќата е забележано засилено присуство на полицијата, како и возило на Итната медицинска помош.

Надлежните служби работат на утврдување на причините и околностите под кои дошло до несреќата.

Повеќе детали се очекуваат по официјалното соопштение од надлежните институции.