Денеска, петок (27 јуни), Македонија се подготвува за сериозно невреме! Студен воздушен бран од север ќе предизвика силна дестабилизација на атмосферата, особено попладне и вечерва.
Очекувајте интензивни врнежи од дожд, силен ветер над 70 км/час и грмотевици – а во одредени делови и вистинско невреме со град и локални поплави! Најпогодени ќе бидат северните, централните, источните и југоисточните делови од земјата, вклучувајќи го и Скопскиот регион.
Граѓаните се предупредуваат да бидат особено внимателни и да избегнуваат движење на отворено во критичните часови. Постои ризик од оштетување на имот, паднати дрвја и поплавени улици.
И покрај тоа, температурите денес ќе останат високи – на многу места над 35°C, а во Повардарието дури до 40°C. Но, со доаѓањето на невремето, се очекува постепено заладување.