ПРВ.мк
Македонија

Македонските граѓани плаќаат најскап зелен картон во регионот - зошто е тоа така?

Македонските граѓани плаќаат најскап зелен картон во регионот - зошто е тоа така?
Kristal

На денешната седница за пратенички прашања, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, упати прашање до министерката за финансии Гордана Димитриеска‑Кочоска во врска со високата цена на зелениот картон за автомобили, кој е потребен за патување надвор од земјата.

Спасовски истакна дека станува збор за заштита на трети лица и нивниот имот од последиците од сообраќајни незгоди, бидејќи секој сопственик на моторно возило е должен да има осигурување при регистрација и технички преглед на возилото. Зелената карта, која важи за странство, во моментот во Македонија изнесува околу 5.500 денари за една година, додека во соседните земји цената е значително пониска – околу 5 до 10 евра.

Спасовски потенцираше дека земјите од регионот, како Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, имаат билатерални договори кои овозможуваат движење без потреба од зелена карта, а Македонија таков договор има со Словенија. Тој праша дали Министерството за финансии планира измени кои би довеле до намалување на цената на зелениот картон, за граѓаните да имаат олеснето и поевтино движење надвор од државата.

Спасовски истакна дека ова прашање го поставил и писмено уште на 12 февруари годинава, но до денес не добил одговор.

FixCredit
Escape