ПРВ.мк
Црна Хроника

Македонската јавност во жалост: Почина поранешниот пратеник и директор на БРАКО

Македонската јавност во жалост: Почина поранешниот пратеник и директор на БРАКО
Kristal

На 82-годишна возраст, по кратко боледување, вчера утро во Велес почина Ѓоко Манчев, истакнат општествено-политички работник од времето на поранешниот општествен систем.

Манчев имаше значајна улога во развојот на Велес од почетокот на седумдесеттите години на минатиот век. Тој извршувал повеќе политички функции во градот, меѓу кои најзначајна е позицијата Потпретседател на Собранието на Општина Титов Велес, а бил и пратеник во Собранието на Република Македонија.

Припаѓаше на генерацијата велешки општествено-политички работници во чие време Велес бележеше значаен економски, стопански, спортски, образовен, здравствен и културен развој. Од капиталните објекти реализирани во негово време, особено се издвојуваат повеќето спортски сали, меѓу кои Спортската сала „25 Мај“ (потоа преименувана во „Ѓемиџии“), како и изградбата на хидросистемот „Лисиче“, кој обезбедува доволни количини здрава вода за граѓаните. Манчев исто така ја извршуваше функцијата директор на велешката Метална индустрија „Брако“.

Од младоста, Манчев беше посветен на доброволната младинска работа и беше командант на бројни младински работни бригади, меѓу кои и Сојузната „Титови градови“. Под негово водство, бригадирите учествуваа во изградба на инфраструктурни објекти во Република Македонија и во поранешна Југославија. Тој активно ги поддржуваше ветераните акцијаши до последните денови од својот живот.

Ѓоко Манчев беше сопруг, горд татко на две деца и дедо на четири внуци.

FixCredit
Escape