Руската република Јакутија регистрираше температура од -56 степени Целзиусови, што моментално претставува најниска забележана температура во светот. Најтешко погодено е селото Тикси, каде веќе трет ден беснее силна снежна бура.
Поради екстремните услови, училиштата ја прекинаа наставата, а градинките останаа затворени. Снегот се натрупа пред влезовите на домовите, што им го отежнува на многу жители да ги напуштат своите домови.
Метеоролозите предупредуваат дека студениот бран би можел дополнително да се интензивира, со можност температурите да паднат и до -60 степени Целзиусови во наредните денови.
















