Денеска, претставници на Единицата за интервентна полиција ги посетија дечињата кои се лекуваат на Одделот за детска хирургија при Клиничкиот центар, при што им беа врачени новогодишни пакетчиња. Со оваа иницијатива, полициските службеници сакаа да им донесат барем малку радост и насмевка во празничните денови.
Оваа хумана активност ја демонстрира посветеноста на полицијата не само кон безбедноста, туку и кон поддршката на најранливите граѓани. Среќата и насмевките на децата се најголемата мотивација за полициските службеници и потсетник дека зад униформите стојат луѓе со големо срце.
„Ние секогаш ќе останеме пријатели и поддршка на нашите најмали ангелчиња, со желба за брзо оздравување и безгрижно детство“, истакнаа од Единицата за интервентна полиција, нагласувајќи ја хуманата страна на службата и нивната грижа за децата.
















