Во Кавадарци се интензивираат градежните активности на новиот СПА центар, кој се реализира како дел од проширувањето на содржините во затворениот базен.
На увид во работите беа градоначалникот Митко Јанчев, претседателот на Советот на Општина Кавадарци д-р Стојанчо Рамов, како и служби од локалната самоуправа.

Објектот се гради на површина од околу 240 квадратни метри и ќе понуди современи услови за релаксација и рекреација. Во неговиот состав се предвидени парна бања, сауна, џакузи, топли лежалки, простор со тушеви, соблекувални, како и простории за масажа.
Дополнително, ќе има и предпростор со тоалет и туш за масажа, како и технички простории кои ќе овозможат непречено функционирање на целиот комплекс.

Со реализацијата на овој проект значително се збогатува туристичката и спортско-рекреативната понуда на градот, а се создаваат и нови можности за одмор и спортски активности на граѓаните.

Изведувач на работите е компанијата „Жикол“, која работи на довршување на објектот според предвидената динамика.







