ПРВ.мк
Македонија

22-ГОДИШНИК ОСМНИЧЕН ЗА КОМПЈУТЕРСКА ИЗМАМА: Користел паркинг без да плати!

22-ГОДИШНИК ОСМНИЧЕН ЗА КОМПЈУТЕРСКА ИЗМАМА: Користел паркинг без да плати!

Дваесет и двегодишен жител на тетовското село Мала Речица е приведен под сомнение дека со помош на компјутерска измама во одреден период користел паркинг-услуги во Тетово без да ги плати.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 13 октомври 2026 година, во 20:15 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е. Ш. (22).

Тој се сомничи за кривично дело „компјутерска измама“, предвидено во член 251-б од Кривичниот законик.

По приведувањето, 22-годишникот бил задржан во полициска станица. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Најнови вести