ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) ВОЗЕЛ ВО РИКВЕРЦ НА АВТОПАТ И ПРЕДИЗВИКАЛ ТЕШКА НЕСРЕЌА: Двајца загинати, дете се бори за живот!

(ВИДЕО) ВОЗЕЛ ВО РИКВЕРЦ НА АВТОПАТ И ПРЕДИЗВИКАЛ ТЕШКА НЕСРЕЌА: Двајца загинати, дете се бори за живот!

Две лица го загубиле животот, а уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа на автопат во Словенија. Меѓу повредените е и дете со француско државјанство, кое се здобило со тешки повреди и се бори за живот.

Според информациите што ги пренесуваат словенечките медиуми, несреќата се случила околу еден часот по полноќ, на автопатот во правец кон Марибор.

Од Полициската управа на Љубљана соопштиле дека 28-годишен странски државјанин, кој управувал автомобил со романски регистарски таблички, застанал во десната лента по излезот кај одморалиштето Луковица, а потоа почнал да вози наназад. Во тој момент, во автомобилот удрило комбе кое се движело зад него.

„Според досега познатите информации, 28-годишен странец, возач на возило со романски регистарски таблички, застанал во десната лента по излезот за одморалиштето Луковица и се движел наназад. Го удрило комбе кое доаѓало зад него“, соопштила Полициската управа на Љубљана.

Во силниот судир животот го загубиле двајцата патници кои се наоѓале на задните седишта во автомобилот. И двајцата биле романски државјани.

Детето со француско државјанство се здобило со тешки повреди, додека возачот на автомобилот и неговиот сопатник, исто така романски државјани, кои седеле на предните седишта, поминале со полесни повреди. Полесни повреди добил и словенечкиот возач на комбето.

Словенечката полиција продолжува да ги истражува околностите на несреќата поради сомневање за сторено кривично дело.

„Полицијата продолжува да собира информации поради сомневање за кривично дело. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, информирале од Полициската управа во Љубљана.

ВИДЕО

Најнови вести