ПРВ.мк
Црна Хроника

МИСТЕРИОЗНА СМРТ: Пронајдено тело на маж!

МИСТЕРИОЗНА СМРТ: Пронајдено тело на маж!

Седумдесет и деветгодишен жител на Скопје бил пронајден починат во селото Зрзе, кое се наоѓа во општина Долнени. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за да се утврдат околностите поврзани со смртта.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 13 октомври 2026 година, околу 16:45 часот, во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека во селото Зрзе е пронајден Т.Б. (79) од Скопје.

Смртта на мажот ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Прилеп. По пријавата, на местото пристигнала увидна екипа од ОВР Прилеп, која извршила увид.

По наредба на надлежниот јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.

Најнови вести