ПРВ.мк
Македонија

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА: Четворица приведени, откриени 40 кубици нелегално исечено дрво!

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА: Четворица приведени, откриени 40 кубици нелегално исечено дрво!

Четири лица се лишени од слобода во демирхисарскиот регион, откако полицијата во две товарни возила пронашла и одзела околу 40 кубни метри бесправно исечено огревно дрво.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера во 14:00 часот, на местото викано Мраморица, во демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода Г.К. (55) од Кавадарци, Д.К. (51) од селото Крњево, кавадаречко, Е.Р. (37) од селото Сливник, велешко, и Л.В. (32) од Кавадарци.

При извршената контрола на двете товарни возила во кои се наоѓале четворицата, полицајците пронашле и одзеле околу 40 кубни метри огревно дрво за кое било утврдено дека е бесправно исечено.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против четирите лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести