Заменикот-министер за здравство, Јовица Андовски, поднесе оставка од својата функција.
По тој повод, првиот човек на ресорот здравство, Сашо Клековски, се огласи со емотивна порака и високи зборови на признание за неговиот придонес, истакнувајќи дека станува збор за исклучителен професионалец:
„Соработник каков што секој би посакал! Мојот заменик, Јовица Андовски, поднесе оставка. Јовица е човек кој го познава здравствениот систем како малкумина — со години посветена работа и искуство. Таков соработник е вистинска реткост: професионален, посветен и искрен!
Јовица Андовски, ти благодарам за сè. Ти посакувам добро здравје и многу успех во сите идни предизвици!“ — истакна Сашо Клековски.
Андовски важеше за еден од клучните и најискусните луѓе во Министерството за здравство, кој со своето знаење даде голем печат во функционирањето на овој систем.








