ПРВ.мк
Македонија

СПРЕЧЕН ШВЕРЦ НА ГРАНИЦА: Се обидел да ја измами царината, но службениците откриле речиси 600 сребрени прстени!

СПРЕЧЕН ШВЕРЦ НА ГРАНИЦА: Се обидел да ја измами царината, но службениците откриле речиси 600 сребрени прстени!

Обид да се избегне плаќањето на увозните давачки бил откриен при царинска контрола на граничниот премин Блаце, каде што царинските службеници пронашле дури 595 сребрени прстени скриени во автомобил.

Накитот, чија вкупна тежина изнесувала 1,7 килограми, бил сокриен под седиштата во возилото. На овој начин, лицето се обидело да го внесе сребрениот накит без да ги пријави производите и да ги плати соодветните увозни давачки.

При контролата, царинските службеници го откриле скриениот накит, по што сите 595 прстени биле запленети. Против лицето ќе биде поведена соодветна постапка согласно законските прописи.

Целиот случај бил документиран и со телесните камери што ги носеле царинските службеници за време на контролата.

Откривањето на накитот на граничниот премин Блаце е уште еден случај на обид за избегнување на царинските обврски преку криење стока во возило, при што службениците успеале да го пронајдат непријавениот товар.