ПРВ.мк
Македонија

Аларм за патници: До еден час чекање за влез во Грција – еве каде е најголемата гужва

Аларм за патници: До еден час чекање за влез во Грција – еве каде е најголемата гужва
Escape

Возачите кои денеска патуваат кон грчките летувалишта преку граничниот премин „Богородица“ се соочуваат со големи гужви и долги задржувања. Според последните информации, времето на чекање за излез од Македонија и влез во Грција достигнува и до 60 минути, а колоните од возила постојано се зголемуваат.

На безбедносните камери јасно се гледа метежот, кој според надлежните е резултат на засилениот сообраќаен бран поради претстојниот викенд. Најголем дел од возилата се со македонски регистарски таблички, што укажува на масовно заминување на граѓаните на летување.

Се очекува гужвите да продолжат и во текот на денот, па возачите се советуваат да бидат трпеливи и да тргнат со претходна проверка на состојбата на граничните премини.

Од друга страна, премините кон Србија утрово бележат значително помал сообраќаен притисок, без позначајни задржувања при влез или излез од државата.

За најнови информации, граѓаните можат да ги следат камерите од ЈП за државни патишта или да ги користат мобилните апликации за сообраќајна состојба во реално време.

Mia Home Mavrovo