Избегнувајте го Волково денеска – улицата целосно блокирана до 19 часот!
Денеска, во скопската населба Волково, улицата од крстосницата со „Шарпланинска“ до крстосницата со „Пат за Кучково“ и „Пат за Орман“ ќе биде целосно затворена за сообраќај од 01:00 до 19:00 часот. Причина е завршното асфалтирање на овој потег.
ЈП „Улици и патишта“ – Скопје информира дека по поставувањето на новиот слој асфалт, ќе се изврши и обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација.
Како ќе се одвива сообраќајот?
- Улицата ќе биде затворена за сите возила, без исклучок.
- Привремено е прекинато движењето на автобусот број 22 кој сообраќа на оваа линија.
Граѓаните се советуваат да користат алтернативни правци, особено преку клучката од скопската обиколница, за да избегнат застој и непријатности.
За време на работите, ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација за насочување.