ПРВ.мк
Македонија

Пеколни горештини го пекаат Македонија – Власта издаде важни препораки

Пеколни горештини го пекаат Македонија – Власта издаде важни препораки
Escape

Пеколни горештини го пекаат Македонија – денеска температурите ќе скокнат до 41 степен!

Македонија е под силен топлотен бран кој носи сончево и многу топло време со локална облачност и слаб до умерен јужен ветер. Според УХМР, максималните температури ќе бидат од 33 до 41 степен, а во Скопје ќе достигнат дури до 41 степен.

Како да се заштитите?

Власта издаде важни препораки за заштита на населението, особено на ризичните категории:

  • Ослободување од работа за бремени жени и лица над 60 години (со исклучок на критична инфраструктура како здравство, полиција, армија и други).
  • Одложување на работа во најтоплите часови од 11 до 17 часот за оние кои се изложени на директна сончева топлина.
  • Работа од дома, флексибилно или сменско работно време каде што е можно.
  • Работодавците мора да обезбедат услови за работа со температура под 25°C, освен каде што е невозможно поради природата на работата.
  • Здравствените установи, домови за стари лица и образовни институции да активираат планови за вонредни услови и кризни протоколи.

Кога ќе заврши топлотниот бран?

Од среда се очекува постепено заладување, но деновите кои следат ќе бидат многу тешки за сите, особено за најзагрозените групи.

Mia Home Mavrovo