ПРВ.мк
Свет

Паника на небо: Патници скокаа од авион на Рајанер по избувнување пожар

Паника на небо: Патници скокаа од авион на Рајанер по избувнување пожар
Escape

На аеродромот во Палма де Мајорка се случи драматична сцена откако патнички авион на „Рајанер“, кој требало да полета за Манчестер, беше зафатен од мал пожар, предизвикувајќи вистинска паника меѓу патниците.

Инцидентот се случил непосредно пред полетување, кога капетанот го алармирал екипажот дека има пожар на еден од моторите. Итно биле отворени вратите за евакуација, а дел од патниците, во паника, скокале директно од крилата на авионот – некои завршија повредени на пистата.

Според официјалните извештаи, вкупно 18 лица добиле медицинска помош на лице место, а шестмина биле пренесени во болница со полесни повреди. Сите се надвор од животна опасност.

Причината за пожарот сè уште не е утврдена, а шпанските власти спроведуваат истрага.

Инцидентот ја врати во фокус темата за безбедноста кај нискобуџетните авиокомпании и психолошката подготвеност на патниците во вонредни ситуации.

Mia Home Mavrovo