ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) Пожар се закани на куќи кај обиколницата – интервенираа пожарникари и полиција

(ВИДЕО) Пожар се закани на куќи кај обиколницата – интервенираа пожарникари и полиција
Escape

Голем пожар го зафати просторот над скопската обиколница, во населбата Стопански двор, предизвикувајќи паника кај жителите откако огнот почна да се приближува кон куќите.

Сцените беа драматични – густи облаци од чад, високи пламени и сирени на итните служби. Брзата интервенција на Противпожарната бригада спречи поголема катастрофа и не дозволи огнот да премине на домовите.

Се запалила суха трева, а моментално не е утврдено дали пожарот е последица на човечка небрежност или на екстремните температури, кои овие денови се и над 40 степени. На терен пристигнала и полиција, која го обезбедуваше просторот и помогна во координацијата на акцијата.

Жителите се уште се во шок, но ситуацијата е ставена под контрола. Се очекуваат повеќе детали од истрагата во текот на денот.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo