Пејачката Јелена Карлеуша повторно го украде целото внимание – овојпат од луксузна јахта на Црногорското приморје, каде што ужива во одмор како од филм. Со неа се и нејзините ќерки Атина и Ника, како и тетка ѝ Даниела, со која е многу блиска.
На социјалните мрежи таа објави фотографии кои веднаш предизвикаа лавина од реакции. Облечена во провокативно бикини, прекриено со фустан со животински принт, Карлеуша уште еднаш покажа зошто важи за модна икона и кралица на стилот.
Следбениците не штедеа на коментари, а многумина истакнаа дека таа изгледа подобро од било кога. Во описот на фотографиите, пејачката напиша дека овој одмор ѝ бил потребен по напорните месеци.


