Вистинска драма се одвивала на улиците во Будва кога рутинска сообраќајна контрола прераснала во физичка пресметка. 29-годишниот турски државјанин Ц.У.Г. и 26-годишната А.С. од Казахстан, двајцата со привремен престој во Црна Гора, брутално нападнале полицаец додека се обидувал да ги легитимира.
Според полициското соопштение, Турчинот почнал да го удира полицаецот со тупаници во пределот на градите и главата. Додека службеникот се обидувал да го совлада напаѓачот, девојката го попречувала, влечејќи го за униформата и рацете.
Напаѓачот веднаш бил лишен од слобода, а против него е покрената постапка и му е определен притвор поради напад врз службено лице.

















